Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти август 2024 година, во 18:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл марка „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од страна на 48-годишно лице од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 49-годишно лице од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 241