Струга, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти март 2024 година, во 12:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2 во правец на Граничниот премин „Ќафасан“, мотоцикл марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 46-годишно лице од Струга излетал надвор од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 30