Струга, 29. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти септември 2019 година, околу 02:00 часот се случи сообраќајна незгода на патот Струга-Дебар, во која се повредени две малолетни лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 39-годишниот Н.И. од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник, каде сопатник бил уште еден 17-годишен малолетник и двајцата од струшкото село Лабуништа. Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива