Струга, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти октомври 2024 година, во 17:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од селата Биџево кон Драслајца, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 31-годишно лице од струшкото село Делогожда и патничко возило „Бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишно лице од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничка од возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од возилото „Бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес