Охрид/Струга, 14. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти мај 2023 година, околу 22:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на мостот на реката Сатеска, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени шест лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничките возила марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Н.Ј. од Струга и возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишната И.Б. од охридското село Љубаништа. Притоа, возачот Н.Ј. и неговата сопатничка, 35-годишната А.Ј. од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило, 33-годишниот Т.П. од Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „Ауди“ и нејзините сопатнички, 29-годишната С.Т. и 32-годишната М.Н., двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива