Охрид/Струга, 6. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2023 година, во 17:50 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 27-годишниот Т.А. од Скопје и патничко возило „Волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот Ј.С. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека со телесни повреди се здобил возачот Т.А. и сопатникот од неговото возило Н.Г.(18) од Скопје, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива