Струга, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2024 година, во 10:10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Струга-Дебар со локалниот пат за струшкото село Ташмаруништа се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незогодата се случила помеѓу патнички возила „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 64-годишно лице од дебарското село Мал Папрадник и „Фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 65-годишно лице од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, се здобила 74-годишна жена од дебарското село Папрадник, сопатничка во возилото „Голф“, додека со телесни повреди, констатирани Општата болница во Струга, се здобила 52-годишна жена од дебарското село Бајрамовци, сопатничка во истото возило. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес