Охрид, 28. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми август 2019 година, во 08:50 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „АСНОМ“ се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Опел мерива“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот М.Г. од Охрид, и велосипед управуван од 23-годишната Б.С. од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25