Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти август 2019 година, во 15:25 часот на улица „Илинденска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здоби со потешки, а уште едно лице со полесни телесни повреди.
– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 61-годишната С.С. од Охрид и патничко возило „Опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот А.Н. од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а со телесни повреди се здобил А.Н. по што биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива