Струга, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јуни 2024 година, во 08:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистрален пат во близина на фудбалско игралиште во Струга се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 55-годишно лице од струшкото село Делогожда, и патничко возило марка „Опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 41-годишнио лице од селото Радолишта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес