Охрид, 30. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти декември 2023 година, во 11:10 часот било пријавено дека во Струга патничко моторно возило марка „Пежо“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишно лице од селото Вевчани, удрило во 80-годишен стружанец.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 35