Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска, нешто по 11:30 часот во центарот на градот, на потегот пред ТЦ „Амам“.
Според првичните информации, во незгодата учествувале две возила марка „Фиат Пунто“. Нема повредени лица, а во незгодата е причинета помала материјална штета.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 79