Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода во која е повредено едно лице се случила се случила вечерва во стариот дел на Охрид, кај рампата за Горна Порта.
Порталот Инфомакс јави дека во сообраќајната несреќа, според првичните информации, била повредена странска државјанка.
Според истиот извор, повредата настанала отако автомобил со едното тркало згазнал врз стапалото на туристката, по што брзо реагирале полицијата и екипа на Брзата помош. (Крај)
извор: Инфомакс.мк фото: Инфомакс.мк
Прочитано: 81