Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, нешто по 08:20 часот во близина на Градскиот пазар во Охрид.
На еден од пешачките премини на булевар „Туристичка“, возило удри во велосипедист во момент кога истиот се движел по коловозот.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата.
Екипа на СВР Охрид изврши увид на местото на настанот и се очекуваат повеќе информации во текот на денешниот ден. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 17