Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Технички проблем на возило предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот на кружниот тек кај поранешна „Охридија“, на пресекот на булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“.
Според првичните, неофицијални информации, комбе со тетовски регистерски ознаки имало проблем со десното тркало, по што истото блокираше дел од коловозот.
Сообраќајот на овој потег одреден период се одвиваше отежнато. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 229