Охрид/Струга, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утрово, во 07:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило марка „Фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 57-годишно лице од струшкото село Октиси, излетало од патот.
– Во несреќата, возачот и 63-годишниот сопатник од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 252