Струга, 24. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти септември 2023 година, во 01:45 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на регионалниот пат во струшкото село Враништа, патничко моторно возило марка „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 17