Струга, 29. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јуни 2024 година, во 14:20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило марка „Пасат“ со ресенски регистарски таблици, управувувано од 51-годишно лице од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.
– Малолетничката е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 57