Кичево/Струга, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви октомври 2024 година, во 10:20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во правец кон преминот „Стража“, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од страна на 45-годишно лице од Куманово, минибус „Мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60-годишно лице од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од струшкото село Ливада. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од возилото „Бмв“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник, 25-годишник од струшкото село Калишта, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива