Струга, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2024 година, во 15:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на струшкото село Калишта, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишнолице и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од 28-годишно лице, двајцата од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 27-годишна жена од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива