Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево-Охрид по планинскиот превој „Пресека“ кај село Врбјани утре ќе биде во прекин поради изведување работи на пат – минирање.
Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13:00 и 16:00 часот во траење од околу 15-20 минути. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17