Битола, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сопругот кој пријави дека ја пронашол мртва својата сопруга е осомничен за убиството на жената, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Битола.
Од Обвинителството до судија на претходна постапка доставиле предлог за определување на мерка притвор за сопругот.
Предлогот за притвор е доставен поради сомнеж дека поради претходно нарушени меѓусебни односи, вчера, битолчанецот ја убил својата сопруга. Ја удирал со тапо тврди предмети – дрвени сукала по главата.
Против него е поднесена е кривична пријава. Сопругот, пак, во полиција пријавил дека излегол на пет минути и отишол во гаража. По враќањето ја нашол жената облеана во крв, а покрај нејзиното тело имало сукало. (Крај)
извор: 24 Вести фото: архива
Прочитано: 18