Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба Пештани.
– Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред почетокот на летната туристичка сезона, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46