октомври 29, 2019

Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска на пригодна свеченост жирито ги соопшти резултатите од неодамна одржаниот Општински натпревар „Млади библиотекари”.

Првото место во силна конкуренција од уште 18 ученици од основните училишта: „Св Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“ , „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ „Св. Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“ го освои деветтоодделенката Софија Алачкоска под менторство на наставничката Фила Веровска – Стојковска.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ сите учесници и ментори ги награди со благодарници и одбрани книги.

Софија Алачкоска ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ закажан за 15-ти ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука