Охрид, 11. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија на 13 мај, сабота, во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го оддржи првото Годишно собрание.
Ќе се разгледува извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“.
Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел Белведере во соработка со ЈП Охридски Комуналец. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22