Охрид, 4. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 37 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и 114 години од смртта на Гоце Делчев, денес ќе организираат Свечен собир.
Трибината ќе се одржи во просториите на Организацијата со почеток во 11 :00 часот.
За животот и делото на двајцата великани од нашата историја ќе зборува Наце Иваноски – професор по историја. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 44