март 5, 2018

Охрид, 5. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – На езерскиот брег исплива нашата еколошка свест.

Поројните дождови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови и нестабилното време проследено со силен ветер, освен што предизвикаа висок водостој на реките и притоките кои се влеваат во Охридското езеро, со себе донесоа големи количини тешко разградлив отпад (пластични шишиња и друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др.) кои испливаа на површина како неми сведоци за ниската еколошка свест на населението кое депонира отпад по речните корита.

gjubre 2

Службите на ЈП „Охридски комуналец“ викендов презедоа вонредни активности за расчистување на крајбрежниот појас и кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот парк.

Со оглед на временските услови, работниците вонреден ангажман на кејот ќе имаат и во наредните денови, информираат од Комуналец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охридски комуналец

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука