Со Василичарски огнови и традиционална прослава охриѓани ја дочекаа Стара Нова година
јануари 14, 2025

Охрид, 14. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани и годинава достојно го прославија дочекот на Православна или Стара Нова година Василица, посветена на Свети Василиј Велики.

Василичарски огнови синоќа беа запалени на повеќе локации во градот, а граѓаните и оваа година достојно и во голем број, според традицијата, го одбележaa и овој ден на начин пренесен од колено на колено и наследен од предците.

За овој празник, како што се вели, колку маала – толку обичаи, па така во секој дел од охридско на различни начини се прославува дочекот на Старата Нова година.

Старата година синоќа се испрати со палење Василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина. Се подготвуваа колбаси, печено месо и вино, со надеж дека новата година ќе биде посреќна и побериќетна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука