Охрид, 7. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вооружен грабеж се случи рано утринава во маркет во центарот на Охрид.
– Утринава, околу 04:20 часот, во Охрид на улицата „Димитар Влахов“ во маркетот „Теди“, непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво врз вработената, при што одзело околу 60.000 денари од дневниот промет, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 37