јули 6, 2024

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со два концерт викедов во Србија, нашиот најпознат гитарист, Влатко Стефановски прославува јубилеј – 50 години успешна кариера.

Вечерва тој ќе има целовечерен концерт во Ниш, а во недела првпат ќе настапи во Белград како дуо со Васил Хаџиманов, во Ботаничката градина на фестивалот „Џез во градината“.

Познатиот македонски виртуоз на гитара, на 16-ти декември во Сава центар во Белград ќе одржи концерт со пријателите со кој ќе прослави 50 години од својата кариера.

Пресек на неговата долга и успешна музичка кариера, почнувајќи од Леб и сол, како и од неговата соло кариера, Влатко ќе направи со неговите гости, познатите музичари: Џибони, Мирослав Тадиќ, Дамир Имери и триото V3 составено од басистот Иван Кукиќ и неговиот син Јан Стефановски на тапани. Публиката ќе ужива во уште еден неверојатен спој на инструментален рок, етно џез, блуз и македонска традиционална музика.

Влатко Стефановски е роден во 1957 година во Прилеп, Република Македонија, каде што ја започна својата музичка кариера како млад гитарист. Првиот значаен успех го постигна култната група Леб и сол, која беше пионер во спојот на традиционалната македонска музика со модерен рок звук. Преку работата со Леб и Соло, Стефановски стана препознатлив по својата исклучителна гитарска техника и креативниот пристап кон музиката.

По распадот на групата Леб и Сол, Влатко се посвети на самостојна кариера и издаде неколку албуми кои го отсликуваат неговиот широк музички опус. Неговата соло кариера опфаќа различни музички жанрови, покривајќи области како џез, блуз, етно-музика, но и дела на акустична гитара. Соработката со врвни музичари ширум светот дополнително го збогати неговиот музички израз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука