Скопје/Охрид, 2. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Република Mакедонија, во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на РМ и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, а во рамките на проектот за градење на капацитетите за зголемување на капацитети за следење и комуникација за Covid-19 во Република Македонија изработи едукативно информативен флаер за учениците за основните и средните училишта во РМ.
– Волонтерите од Црвен крст Охрид ги дистрибуираа едукативно информативните флаери со наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на Covid-19 меѓу учениците“, во сите основни и средни училишта во општина Охрид и Дебрца, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Црвен крст Охрид
Прочитано: 30