Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално и оваа година SUP Club Ohrid организира настан по повод 21-ви јуни, Денот на Охридското Езеро.
Предвидено е бесплатно возење на СУП и кајак, како и Супер чистка еко акција.
– Во петок, 21-ви јуни од 09:00 часот ве чекаме да го одбележиме овој ден на еден симболичен начин со Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак. Тргнуваме од плажа Канео со СУП и кајак и весламе и чистиме до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак.Пријавување во инбокс или 078/341-630. Сѐ што треба е да понесете е убава енергија, порачуваат од SUP Club Ohrid.
Оттаму потсетуваат дека во 2000 година 21-ви јуни беше прогласен за Ден на Охридското Eзеро. Тогаш беше потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива