Струга, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(51) село Лабуништа, Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на август 2016 година пријавениот склучил договор за купопродажба на возило со Н.К.(28) од село Велешта, Струга, според којшто пријавениот, во рок од еден месец, требало да му ја исплати целокупната сума, но пријавениот не му ја исплатил договорената сума, со што на Н.К., му причинил материјална штета од 430.000 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26