Охрид, 15. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се уредува коритото на реката Грашница кај вливот во Охридското Езеро кај Воска.
Станува збор за проект што е дел од програмата на Општина Охрид. Оттаму за Супер радио и OhridPress велат дека речното корито ќе се уреди со камени плочи.
– Трасата е во должина од 120 метри, коритото на реката ќе се уреди со камени плочи. Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, а изведувач на работите е фирмата „Бокоп“ од Боровец, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека покрај уредување на коритото ќе биде исчистен и целиот појас во околината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 284