Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУ „Григор Прличев“, како во подрачното училиште во населба Рача, така и во централното во Охрид со низа активности го одбележаа 1-ви Април, Денот на шегата.
– Денот на шегата е еден од најомилените денови на децата. Ден кога се празнува среќата, смеењето, маскирањето и шегата. Во населбата Рача, во петокот, учителките од одделенска настава организираа првоаприлска прослава со разиграно, весело дефиле на маски. Очигледно беше задоволството на учениците кои со голема љубов ги имаа поготвено маските за настанот. Учениците од одделенска настава од централното училиште денес го одбележаа денот ставајќи свој печат на оваа убава традиција, информираат од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива