Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со претставување на дел од творештвото на роднокрајните поетеси, НУ Библиотека „Григор Прличев” денеска го одбележува Светскиот ден на поезијата.
Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата е усвоена од УНЕСКО во Париз 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поети кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.
Настанот во охридската библиотека е закажан за 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21