News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 24, 2024

Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат денот на Св. великомаченик Мина, светецот во чија чест е изградена црква во охридското село Коњско.

Црквата е сместена во селото, со прекрасен поглед кон езерото на Балканскиот Ерусалим, а околу се наоѓаат и селските гробишта. Објектот пред 1918 година бил целосно распаднат, а бил возобновен во 1927 година.

Фрескоживописот е дело на Крсто Николов и неговиот син Рафаил од селото Лазарополе и истиот бил изработен во 1928 година.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Свети Мина беше по род Египќанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина.

На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мина особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука