мај 27, 2024

Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен Театар во НУЦК „Григор Прличев“, во понеделник, на 3-ти јуни 2024 година, со изведбата на претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски ќе го прослави 13. роденден.

Улогата на министерката Живка ја интерпретира Биљана Билаловиќ Вељаноска, а покрај неа во претставата играат и актерите: Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

– Привилегиите од издигнувањето до високите политички кругови, некогаш може да се излизгаат толку бргу, небаре се една театарска претстава, а не стварност. Но и тоа е сосема доволно, за да се почуствува слатко-киселиот вкус на отменоста. А госпоѓа Живана, нема време за чекање. Одбројуваме: 10, 9,8,7… – порачуваат од Охридскиот Народен Театар.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука