Охрид, 4. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со настапот на театарската група од Црвен крст – Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „Руски рулет“, синоќа во предворјето на црквата „Св. Софија“ беше спуштена завесата на четвртото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“, кој од 1-4 јуни се одржа во Охрид.
– Талентираните крагуевчани на оригинален и креативен начин прикажаа една современа семејна драма во која се преплетуваат емоциите, проблемите и искушенијата и се истакнува еден, се почест проблем на денешницата, семејното насилство и последиците од него, порачаа организаторите.
И оваа година фестивалот „Вдиши театар“ ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според интересот, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, овој фестивал го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива