Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со славенички концерт на Античкиот театар во Охрид, некогашниот пејач на култната група „Бијело дугме“, легендарниот, 78-годишен Жељко Бебек, вечерва ја продолжи прославата на 50 години успешна кариера.
Бројни посетители уживаа во неговите безвременски хитови.
Минатата година, Бебек со својот бенд одржа концерт во Филхармонијата во Скопје со репертоар од негови соло песни и хитови кои ги пеел во „Дугме“. Во бендот, гитара свири неговиот син Звонимир.
Бебек минатата недела објави дека нема да биде дел од славеничката турнеја на „Дугме“ по повод 50 години од основањето на групата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 48