Тексас, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Револуционерно „пенкало“ им овозможува на лекарите да направат тест за рак во само неколку секунди.
Истражувачите од Универзитетот во Тексас велат дека уредот е во состојба да ги идентификува клетките на ракот 150 пати побрзо од постоечката технологија. „MasSpec Pen“им дава на лекарите точни информации за ткивата кои треба да се отстранат, помагајќи да се подобри третманот и да се намали можноста ракот да се повтори.
Во тестовите спроведени од научниците, беше откриено дека на уредот му требаат само 10 секунди за да обезбеди дијагноза за рак и беше од 96% точен. Ливија Еберлин, асистент професор по хемија, која ја дизајнираше студијата вели дека ако вие зборувате со луѓето со рак по операцијата, една од првите работи што ќе кажат е дека се надеваат дека ракот нема да се повтори, што за жал не се случува.
Но, нашата технологија во голема мерка може да ја подобри способноста на хирурзите да се отстрани секоја трага од ракот за време на операцијата, изјави таа. (Крај)
извор: Алсат М фото: архива