Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Основниот суд во Охрид ги сослуша двајцата обвинети за претепувањето на секретарот на згаснатото здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.
И Илија Спасески и Борче Ангелов се изјаснија за невини по обвинението за нанесување тешка телесна повреда од омраза во вечерните часови на 19 јануари 2023 година, објави БТА.
– Борче Ангелов пред судот изјави дека не се познава со Пендиков, нема никаква врска со него и го напуштил Охрид околу 19 часот вечерта кога се случило тепањето. Илија Спасески, од своја страна, прецизираше дека го познава Христијан Пендиков, не само затоа што е охриѓанец, туку и затоа што учеле во исто училиште, дека истата вечер се виделе во ресторанот, на паркингот пред кој се случила тепачката и му честитал на Пендиков, а рекол и дека не го интересираат бугарските здруженија во Македонија и дека не знаел дека Пендиков бил секретар на здружението „Цар Борис Трети“ и нема негативен став кон Бугарите, затоа што голем дел од туристите во Охрид се Бугари, изјави адвокатот на Пендиков Стефан Камишевски.
На следното рочиште за случајот, закажано за 3-ти февруари, ќе бидат изнесени изјавите на обвинителството и на одбраната.
Христијан Пендиков беше претепан на 19 јануари 2023 година во вечерните часови на празникот Богојавление-Водици. Тој притоа беше тешко повреден и пренесен на лекување во Софија, а причината за тепањето според обвинителството била етничка омраза. (Крај)
извор: Слободен печат фото: архива