News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 12, 2024

Охрид, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид, продолжува со напорите за зацврстување на интернационалната соработка.

– Тимот на проектот SCOOK од хотелиерското училиште Жесе де Форест од Авен сир Елп, Франција, го реализираше третиот по ред вебинар на 5-ти ноември. Во фокусот на вебинарот беа ставени здравствените аспекти во областа на слаткарството и еко-одговорните практики, информираат од ФТУ Охрид.

Додаваат дека презентери на вебинарот биле Сандрин Боман-Оутан (слаткарка и член основач на комитетот за борба против неисхранетоста, амбасадор на Шампионатот на Франција во десерти, автор на книгите „Pâtisserie Santé: Concilier gourmandise et maladies chroniques“, Editions Vuibert, октомври 2023 година, Pâtisserie Santé Dénutrition и Pâtisserie Santé Diabetes, Editions Vuibert, добитничка на престижната награда: Prix Engagées 2023, во категоријата „Визионери“, добитничка на наградата Откровение „Femme de Santé 2022“ и лауреа на натпреварот Goût & Santé 2022, во категорија слаткарство), Кристоф Доверњ (шеф готвач, професор по готварство, соосновач на кулинарскиот сајт 750 gr и член на француската академија на шефови на кујни) и целиот партнерски тим на проектот SCOOK.

– Се дискутираше за еко-одржливите практики од минатото, сегашноста и иднината. На крајот на вебинарот се разви дискусија каде збор зедоа повеќе учесници од Македонија, Ирска, Шпанија и Франција, потенцираат од ФТУ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука