октомври 25, 2019

Охрид, 25. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со утринската сесија, денес започна „Охридскиот дијалог“, кој се одржува од 24-ти до 26-ти октомври во Охрид.

Станува збор за стратешки дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија и регионот. Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да и помагаат на Македонија во остварување на своите евроатлански интеграции.

Image may contain: 3 people, indoor

Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, им посака топло добредојде на гостите во Охрид кои се присутни на „Охридскиот дијалог“. Дипломатите и останатите високи гости се тука кога се дискутира и се бараат решенија за да се остане на вистинскиот пат за подобра иднина на сите граѓани.

На утринскиот панел беше разговарано за следните чекори кои ја очекуваат Македонија. Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, ги решивме проблемите со соседите, имаме подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции. За само две години од изолирана држава, Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот.

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing

На утринската сесија учесниците се согласија дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евроатланските интеграции на државата. Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството.

Денес Република Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука