Охрид, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претставништвото во Охрид на фирмата за козметички линии и производи „Фармаси Македонија“, оваа година ќе го одбележи Денот на жената 8-ми Март преку акција за превенција против бруталноста врз жените.
Од „Фармаси Охрид“ ги повикуваат посебно претставничките на понежниот пол, но и претставниците на посилниот пол, да ја поддржат акцијата. Воедно во акцијата можат да се приклучат граѓаните преку лобирање, а во делот на купувањето, со секој купен производ од оваа фирма, директно се помага во акцијата. Охриѓани можат да земат активно учество во настанот во недела, 8-ми март во кафе барот „Gossip Lounge Bar“.
„Фармаси Охрид“ е дел од компанијата „Farmasi Македонија“, кои се дел од фабриката на Farmasi Cosmetics во Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива