Охрид, 11. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги стартуваа подготовките за новата сезона во Втората лига Запад.
По осум сезони, Охрид е повторно во второлигашкото фудбалско друштво. Во новата сезона тимот оди засилен со тројца фудбалери, Љупче Трпески, Александар Целески и Мартин Лекоски од Кораб и голманот од Победа, Даниел Котевски.
Официјалниот старт на натпреварите во есенската полусезона е на 24-ти август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: OhridSport
Прочитано: 15