октомври 21, 2024

Охрид, 21. Октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со вкупно 29 од кои 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари се враќаат македонските таеквондисти од натпреварот „Србија Опен 2024“ од Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ натпревар кој викендов се одржа во Нови Сад, Србија.

Станува збор за еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа, на кој учествуваа 555 натпреварувачи од 11 земји од регионов, кој е подготовка и за Европското првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, кон крајот на април, следната година.

– Натпреварувачите од клубот „Сонкал“ од селото Мислешево, Струга освоија 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали, Теодор Ѓорески се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец, додека тренерите на овај клуб Давид Крстески со 4 борби и Марио Крстески со 3 борби, освоија златни медали во спаринг борби. Владимир Димитриевиќ од охридскиот клуб „Мастер“ со 3 победи се искачи највисоко на пиедесталот, докажувајќи дека е неприкосновен во неговата категорија. Михаил Крстаноски од клубот „Чонџи“ од Охрид се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец. Од клубот „Ахилиус“ од Скопје, Теодора Митреска успеа да се искачи до второто место, додека од „Хва Ранг ИТФ“ од Лескеоц, Охрид, највисоко на пиедесталот се искачи повторно Миа Танеска. Покрај неа со злато се закитија и Теодора Тодороска, Анастасија Трифуноска и Михаил Јоноски, вели претседателот на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација Марјанчо Лазаревски, кој заедно со националниот селектор Саша Поповски ги водеа младите спортисти на натпреварот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука