јули 12, 2017

Охрид,12. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Инвестирањето во заштитата на природата носи економски придобивки за општините.

Токму во таа насока е проектот финансиран од Европската Унија и Програмата за развој на Обединетите Нации „тежок“ 4,3 милиони евра со кој ќе се подобрува менаџирањето со природните ресурси во заштитените подрачја во Македонија.

proektundp

Во следните 28 месеци, проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” ќе го реализира УНДП во партнерство со македонското министерство за животна средина и просторно планирање.

– Веруваме дека овој проект ќе помогне да се заштити богатиот биодиверзитет на земјата и заштитените подрачја истовремено подобрувајќи ги животите на луѓето. Ова е уште еден доказ дека ЕУ е тука и може да сметате на нашата поддршка и во иднина, истакна амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

samuelzbogar

– Луѓето често претпоставувваат дека не може да имате паралелно и економски развој и заштитена природа. Земјата глобално е позната како дел од оние земји со несомнено најбогат биодиверзитет. Ние во УНДП сме почестени што ја имаме оваа нова можност да работиме заедно со нашите национални партнери со цел да обезбедиме ова природното богатство биде зачувано за сите идни генерации, потенцира постојаниот претставник на УНДП во Македонија,  Луиза Винтон.

Според министерот за животна средина и просторно паланирање, Садула Дураку  успешната имплементација на овој проект ќе придонесе кон подобро и поодржливо управување со природните ресурси во заштитените подрачја во државата.

Во рамки на проектот ќе бидат доделени 20-на грантови кои ќе бидат искористени како за поразвиените и етаблирани заштитени подрачја, како НП „Галичица“, така и за помалку развиени заштитени подрачја, а предвидено е да се изградат и неколку мали пречистителни станици, со кои ќе се демострира нивниот потенцијал како евтино решение за справување со предизвците за заштита на животната средина, со кои се соочуваат многу локални заедници во близина на заштитени подрачја. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес  

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука