Нион, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалскиот клуб Спартак Москва повторно се најде на дневен ред кај дисциплинските органи на УЕФА поради лошата организација на натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Спартак и Ливерпул во вторникот на „Откритие арената“ одиграа 1:1, а домашните фанови повторно имаа свое шоу. Најпрвин развија транспарент на кој пишуваше „УЕФА мафија“, а потоа фрлаа петарди и димни бомби. УЕФА има забелешки и за непримерното навивање, но и за блокирањето на излезите на трибините.
Рускиот шампион оваа сезона веќе има една казна од УЕФА бидејќи навивачите во Марибор лансираа ракета кон главниот судија. Поради овој инцидент, УЕФА им забрани на навивачите на Спартак да патуваа во Андалузија кога тимот ќе ѝ гостува на Севилја. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива