Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес е во работна посета на Охрид и охридскиот регион.
– При разговорите со челните луѓе на двете Полициски станици и на собраќајната полиција, функционалноста и ефикасноста во работењето на овие полициски служби е на задоволително ниво, секако со тенденција за натамошно квалитативно подобрување. Исто така, од посебна важност е и степенот на безбедност во сообраќајот, дотолку повеќе, што станува збор за исклучително фрекфентен сообраќаен регион. Дополнително, пред сè Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, покрај обврските од аспект на граничниот надзор, има задолженија поврзани и со поконкретна заштита на езерото, особено рибниот фонд овде во Охрид, но и во Преспа, а воедно треба да се има во вид и фактот дека обемот на работа на Граничниот премин Свети Наум од година во година бележи благ пораст. Свесни за важноста и улогата на припадниците на полицијата, ние како раководство ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа, истакна Спасовски.
Тој денес ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум, а во рамки на посетата во 13:00 часот во општина Вевчани ќе оствари средба со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива